X
 05.04.2017 Живот

Се залажуваме себеси за подобро да ги залажуваме другите

Често знаеме да бидеме убедени во нешто што не секогаш значи дека е вистина. Дека сме подобри и попаметни од другите, дека политичката партија на која сме симпатизери никогаш не греши, дека сме премногу зафатени за да помогнеме на некого.

Експертите тврдат дека се залажуваме себеси за да ги „измамиме“ другите и да креираме предност во однос на нив. Психолозите идентификувале неколку начини на кои се залажуваме себеси: кога собираме информации, кога резонираме и кога се сеќаваме. Всушност, начинот на кој бараме информации го поддржува она во кое сакаме да веруваме и го избегнуваме она во кое не ни се верува.

Психолозите тврдат дека ги преценуваме нашите квалитети од една единствена причина – бидејќи се чувствуваме добро. Доброто чувство предизвикува мотивација, а мотивацијата до успех. Потоа на тој начин се претставуваме пред другите и тие тоа и го примаат како информација за нас.

Заклучокот е дека доколку сакате некого а убедите во нешто, прво убедете се себеси во истото. Како што велат, доколку една лага ја повторувате повеќе пати, на крајот и самите ќе поверувате во неа, а со тоа и останатите. Позитивното чувство што човекот го има кога ги преувеличува и преценува своите квалитети, освен што ја зголемува неговата мотивација, тоа доведува и до подобро ментално здравје, велат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот