X
 05.04.2019 Наука

Антарктикот може да стане зелен како резултат на климатските промени, предупредуваат научниците

Експертите велат дека нивото на јаглероден диоксид во атмосферата може да доведе до услови слични на оние пред три милиони години.

Климатските промени предизвикани од човекот би можеле да предизвикаат Антарктикот да стане зелен, така што растенијата ќе ја колонизираат земјата како што ќе се намалува мразот, предупредуваат научниците.

Експертите веруваат дека доказите за иднината на планетата може да се земат од пилоцен ерата пред три милиони години, последниот пат кога нивоата на јаглероден диоксид во атмосферата биле високи колку што се денес.

Нивоата на јаглероден диоксид во атмосферата достигнале просечно 400 ппм во 2015 година, првпат откако започнала евиденцијата. Ќе има задоцнување пред вистинските ефекти да стигнат до тој праг, вели професор Мартин Сигерт од Кралскиот колеџ. Доказите од пилоцен ерата би можеле да понудат рашенија за тоа како луѓето би можеле да се справат со предизвиците.

Во текот на овој период нивото на морето било 15 метри повисоко, а температурата помеѓу 2 до 3,5 степени повисока отколку сега.

- Ако ја вклучите рерната дома и ја наместите на 200 степени, таа не ја постигнува веднаш таа температура. Потребно е време, па истото се случува со климата.

Пред Индустриската револуција во 1850 година нивоата на јаглероден диоксид беа 220 ппм и оттогаш температурата се зголеми на глобално ниво за околу 1 степен.

- Ова значи дека до крајот на овој век може да очекуваме уште 1 степен - вели професорот.

Ако емисиите на јаглероден диоксид продолжат со моменталната стапка, нивоата би можеле да стигнат до 1000 ппм до 2100 година. Ова се истите нивоа од пред 100 милиони години, кога диносаурусите живееле на Земјата, а Антарктикот бил потопол и позелен.

Тој повика на глобална акција за да се намали нивото на јаглероден диоксид во атмосферата.

- Последиците од она што го направивме во период од 150 години ќе продолжи и во иднината, така што останува на нас да направиме нешто - вели професор Сигерт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука