X
 05.04.2019 Живот

Зошто Африка гради голем зелен ѕид?

Ѕидовите се традиционално контроверзни. Во најголем дел нивната цел е да ги одвојат луѓето и да спречат мешање на едните со другите.

Но, овој огромен ѕид што се гради во Африка ги мотивира луѓето од 20 земји да ги здружат силите за општо добро. Големиот зелен ѕид е амбициозен план за одгледување шуми на површина од 8.000 километри на јужниот раб на пустината Сахара, регион познат како Сахел. Се протега по ширинана на континентот, од Атлантскиот Океан до Црвеното Море.

Областа некогаш била зелена и главно покриена со тревна површина и савана. Но, долготрајните суши го промениле нејзиниот изглед. Сега повеќе од кое било друго место на Земјата, Сахел заедно со милиони локални жители веќе се соочува со катастрофалното влијание на климатските промени.

Областа е сува и неплодна и како резултат на тоа има недостиг на храна и вода и зголемена миграција бидејќи луѓето бараат подобро место за живеење, избегнувајќи ги конфликтите што избиваат поради намалените природни ресурси.

По неколку години работење на решение, лидерите од 11 африкански земји потпишаа иницијатива во 2007 година. Денес во иницијативата се вклучени повеќе од 20 земји.

Големиот зелен ѕид опфаќа 780 милиони хектари сува и полузасушена земја, а областа е дом на 232 милиони луѓе, според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.



Заедничка иницијатива

Мажите и жените од сите возрасти придружени од децата засадуваат дрвја отпорни на суша, како и градини полни со зеленчук и овошје. По една деценија завршени се околу 15 отсто.

Како што проектот се зацврстува, дрвјата го покажуваат своето влијание, и тоа не само врз деградацијата на земјиштето. Не само што се враќа животот на земјата, туку и милиони луѓе што живеат таму пронашле храна и вода, зголемена благосостојба, повеќе работни места и причина да останат.

Истражувачките институции, локалните заедници, научниците, па дури и туристи ја посетиле областа додека се одвивал проектот.

1
Фото:  Great Green Wall


Менување на иднината


Откако ќе заврши, големиот зелен ѕид треба да биде најголемата жива структура на планетата, трипати поголема од Големиот корален гребен.

- Постојат многу светски чуда, но големиот зелен ѕид ќе биде уникатен и секој може да биде дел од неговата историја - изјави д-р Дламини Зума, претседател на африканската унија.

- Заедно можеме да ја промените иднината на африканските заедници во Сахел - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот