X
 05.04.2023 Живот

Франција сака да воведе затворски казни за инфлуенсери што тајно ќе користат филтри

Долниот дом на францускиот парламент усвои закон кој предвидува нови прописи за инфлуенсерите во земјата. Доколку биде донесен, законот би го променил начинот на кој француските инфлуенсери објавуваат содржина на социјалните мрежи и би барал од платформите да вклучат нови алатки за покажување на прекршоците.

Меѓу другото, новиот закон ќе бара од сите инфлуенсери да напишат доколку користеле филтер и го смениле изгледот на телото или лицето со „Фотошоп“. Инфлуенсерите ќе мора јасно да посочат кога биле платени за да објават нешто, а платформите ќе мора да воведат алатки со кои корисниците ќе може да ги пријавуваат инфлуенсерите што не ги почитуваат правилата.

Освен тоа, инфлуенсерите ќе мора да ги почитуваат истите правила како и традиционалните медиуми кога станува збор за ограничено промовирање финансиски производи, алкохол, тутун итн.

Инфлуенсерите што нема да ги почитуваат правилата може да добијат затворска казна до шест месеци или парична казна од 300.000 евра. Законот треба да биде изгласан од францускиот Сенат за да стапи во сила.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот