X
 05.05.2016 Живот

Совети за подобар живот: Кога правите работи, правете го тоа полека, не се брзајте

Шифу Јан Леи, Шаолин монах и одличен уметник во боречки вештини, ви ги нуди најдобрите совети како да останете млади и здрави колку што е можно подолго.

1. Не размислувајте многу. Размислувањето ви одзема енергија. Размислувањето може да ве направи да изгледате старо.

2. Не зборувајте многу. Луѓето или зборуваат или преземаат акција. Подобро би било да преземете акција.

3. Кога работите, работете 40 минути, потоа застанете 10 минути. Кога гледате во нешто постојано, тоа може да ви ги оштети очите како и вашите внатрешни органи и внатрешниот мир.

4. Кога сте среќни, потребно е да ја контролирате вашата среќа. Ако изгубите контрола тогаш тоа може да го оштети текот на енергијата.

5. Не се грижете премногу и не се лутете бидејќи со тоа си ги оштетувате внатрешните органи.

6. Кога јадете, не јадете премногу; немојте да се прејадете. Кога сте гладни, каснете малку.

7. Кога правите работи, правете го тоа полека, не се брзајте. Запомнете ја поговорката: „Побавно побрзајте, наскоро ќе стигнете“.

8. Ако физички сте активни постојано и никогаш не правите Чигонг (древен систем за здравствена заштита кој интегрира физички пози и фокусираност) тогаш ќе ја изгубите рамнотежата и ќе бидете нетрпеливи. Ќе го изгубите Јин-от во вашето тело. Вежбајте балансираност на Јин и Јанг.

9. Ако никогаш не вежбате и само медитирате, ова нема да ви ја даде потребната Јанг енергија и со тоа ќе ја исцрпите сета ваша енергија.

10. Целта на тренирањето е да ги балансирате Јинг и Јанг.
Не е важно колку часа. Потребно е да знаете што му е потребно на вашето тело.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот