X
 05.05.2017 Живот

Историски чудни факти: Толстој посетувал проститутка еднаш месечно

Корисниците на „Reddit“ објавиле листа на интересни и непознати факти за историски личности. Ова се некои од нив:

1. Толстој си поставувал граница во врска со посетувањето проститутки. Си дозволувал само еднаш месечно.

2. Крекерите „Graham“ биле измислени за луѓето да не мастурбираат.

3. Калигула, познатиот Римски император, бил познат по тоа што поканувал парови на вечера, а потоа инсистирал да има сексуален однос со жената.

4. Ву Зетиан од Кина барала од луѓето сексуално да ја задоволуваат и покрај тоа што само сакале да зборуваат со неа. Ако не биде задоволна, нема да го ислуша оној кој сака да зборува со неа.

5. Оригиналниот дневник на Ана Фран содржел сексуални истражувања, но подоцна бил уреден од татко и.

6. Египетскиот фараон Менепта побарал ампутација на машките полови органи на Либијците кои ги победил во борба. Добил 13 илјади.

7. „Covent Garden“ во Лондон бил еден огромен бордел. Можело да купи книга во која се рекламирале сексуалните работници во регионот.

8. Античкте Грци сметале дека Перскиската навика за вршење нужда насамо, а не пред другите, е чудна.

9. Императорката Теодора, лидер на Византиската империја, всушност била проститутка. Откако му служела на императорот Јустинијан, тој решил да ја ослободи и да ја направи императорка.

10. Гувернерот Морис бил Казанова во своето време. Спиел со секоја жена која ќе ја сретнел и не се грижел дали жените се мажени. Во таква бркотница од куќата на љубовницата тој бил прегазен од кочија и ја изгубил ногата, па му поставиле вештачка, односно дрвена.

11. Во ренесансна Италија, според Римската легална традиција, оној кој прави криминално дело може да го пријави човекот на кого го врши делото за истиот криминал.

12. Песните во кои има „тралала“ или „фалала“, се всушност цензурирани песни, бидејќи обично тие зборови се користат за да прикријат содржина од сексуална природа.

13. Будика, злото на Рим – нејзината војска ги соблекувала најблагородните жени и ги сечела нивните гради, а потоа ги поставувала во нивните усти, за да изледа дека жртвите ги јадат.

14. На првата брачна ноќ на Наполеон и Жозефина, нејзиното куче го каснало Наполенот за ногата токму кога сакале да водат љубов.

15. Не се знае сигурно, но постои голема шанса дека Хитлер и ЏФК се ескимски браќа, односно дека имале сексуален однос со иста жена – Инга Арвад.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот