X
 05.05.2017 Култура

Необјавените списи на пророкот Мухамед – „лек“ за исламскиот радикализам и растечката исламофобија?

Истражувањата на списите на муслиманскиот пророк, напишани меѓу 622 и 633 година по Христос, укажуваат дека христијаните и тогаш се сметале за „умет“ – заедница која живеела во слога со Арапите и која била заштитувана и почитувана, пишува „Индипендент“.

Ова најново откритие покажува дека Пророкот Мухамед не го оправдува прогонот на христијаните што денес го спроведува ИСИС.

Крег Консидин, авторот на истражувањето, смета дека визијата на Пророкот била муслиманската нација да биде отворена, со дозволен религиски плурализам и граѓански права.

„Истражувањето недвосмислено покажува дека однесувањето на современите исламски земји кои ги малтретираат и дискриминираат христијаните, не може да се оправда во светло на пророкот Мухамед“, истакнува тој.

Доктор Консидин од универзитетот Раис во Тексас, оценува дека повторното откривање на тие документи може да го олабави антимуслиманското расположение. Тој е убеден дека овие списи би можеле да се сметаат за „некаков лек против болестите исламски радикализам и исламофобија“.

„Пораките на Пророкот зрачат со сочувство и мир. Тоа е она што американското општество, Исламската држава, но и целиот свет, треба да го знаат сега повеќе од кога било“, вели тој.

Според Консидин, документите се лоцирани во манастири ширум светот и се нотирани во книги кои не се печатат со векови, а во голем број случаи, никогаш и не биле преведени за пошироката јавност.

Во светло на денешниот муслимански екстремизам и растечката исламофобија и насилство, Консидин смета дека е неопходно да се знаат вистинските пораки на пророкот Мухамед, на кои се повикуваат многубројни насилници низ светот.

Пророкот Мухамед никогаш не сакал да им нанесе штета на христијаните, ниту да се меша во нивната приватност или сопственост.

Сите се еднакви пред Бога, а кога некој  дава предност на еден народ пред друг, тоа е чисто унижување на граѓаните врз основа на нивните етнички или културни средини, што е недозволиво“, стои во досега необјавените списи од Пророкот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура