X
 05.05.2017 Образование

Што најчесто студираат психопатите?

Извршните директори често се именуваат како психопати во популарната култура, но тој стереотип можеби и не е толку далеку од вистината.

Психопатите повеќе учат бизнис и економија, според новата студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences“.  Истражувачите ги испитувале личните особини на овие луѓе, па карактеристично за нив е тоа што кај нив е присутен нарцизмот, а тој е поврзан со желбата за доминација и моќ на работното место.

Повеќе од 400 Дански студенти, запишани во областа психологија, политика, бизнис/економија или право, се тестирале. Тестовите се спроведувале пред да започнат со студиите, за подобро да се испитаат личните особини кои ги поседуваат.

Откриле дека студентите по психологија имале послаби резултати од оние кои студирале бизнис и право, па заклучиле дека личните особини се најмалиот дел од одлуката во процесот на бирање на професија.

Студија спроведена минатата година, покажала дека студентите по бизнис и економија се помалку согласни.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование