X
 05.05.2020 Живот

Пакистан ангажира 63.000 невработени лица да садат дрвја

Доколку може да се најде светла страна на пандемијата на новиот коронавирус, тоа веројатно би било позитивното влијание на социјалното дистанцирање врз околината. Забележан е пад во загадувањето на воздухот, а дивите животни се враќаат на места кои порано биле зафатени од луѓето.

Пандемијата претставува и инспирација за многу светски лидери да поттикнат зелена револуција. Пакистан на одличен начин им помага на оние што останале без работа поради пандемијата, а притоа помага и за зачувување на околината.


Фото: Pixabay

Државата почнала да ги вработува лицата погодени од кризата да садат дрвја во рамките на програмата „10 милијарди дрвја“. Станува збор за петгодишен проект на премиерот на Пакистан, Имран Кан, со кој државата треба да ги намали сушите, поплавите и порастот на температурата во земјата.

Пакистан се наоѓа на петтото место на листата со земји што се најтешко погодени од глобалното затоплување во последните две децении. Земјата им нареди на сите жители да се изолираат од 23 март, но тоа не важи за 63.000 жители што биле вработени во рамки на програмата. Работниците добиваат од 500 до 8.000 рупии дневно, односно од 3 до 50 евра. Тоа е приближно половина од стандардната дневница, но им помага на оние што останале без работа да преживеат.


Фото: Pixabay

Според процените, досега кризата оставила без работа околу 19 милиони луѓе во Пакистан. За време на садењето работниците треба да почитуваат правила за социјално дистанцирање и да носат маски. Голем дел од работата се одвива во близина на главниот град Исламабад.

Автор: Тод Пери
Извор: upworthy.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот