X
 05.05.2022 Живот

НАСА планира да испрати фотографии од голи луѓе во вселената за да привлече вонземјани

НАСА планира да лансира фотографии од голи луѓе во вселената со надеж дека ќе привлече вонземни цивилизации.

Освен фотографии со голи луѓе, научниците планираат да испратат и покана до интелигентните суштества во вселената со цел конечно да воспостават контакт. Тие сметаат дека ова нема да ги шокира членовите на другите цивилизации.

За да изгледаат попривлечно за цивилизациите во вселената, мажот и жената ќе мавтаат, додаваат научниците кои го претставија изгледот на мажот и жената што ќе ги испратат во вселената како дел од проектот „Светилник во вселената“.

Како што прецизираат, фотографиите нема да бидат вистински, туку цртежи на гол маж и гола жена, кои ја прикажуваат структурата на човечката ДНК.

- Главната цел на проектот е да се испрати порака до сите цивилизации кои би можеле да постојат во вселената за да се воспостави контакт со нив - велат научниците. Тие потсетуваат дека ова не е нова идеја и дека пред половина век во вселената биле испратени плочи со голи луѓе со вселенските летала „Пионир 10“ и „Пионир 11“, кои и денес патуваат низ галаксијата.

Во новиот проект научниците ќе се обидат да прикажат и гравитација и очекуваат вонземјаните да ги разберат сите бинарни пораки бидејќи веруваат дека бинарното претставување е универзално.

- Бинарната форма е наједноставниот облик на математиката бидејќи вклучува само две спротивставени состојби: нула и единица, да или не, црна или бела, маса или празен простор - велат од НАСА.

Предложената порака вклучува основни математички и физички концепти за воспоставување универзален начин на комуникација придружена со информации за биохемискиот состав на животот на Земјата, временски означената позиција на Сончевиот Систем на Млечниот Пат во однос на познатите глобални параметри, како што се дигитализираните претстави на Сончевиот Систем и површината на Земјата.

Студијата на Универзитетот во Нотингем, која ги разгледува можностите за пронаоѓање вонземен живот, проценува дека би можеле да делиме галаксија со повеќе од 30 интелигентни вонземни цивилизации.

Извор: Nypost.com
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот