X
 05.06.2019 Живот

Нов Зеланд планира да засади милијарда дрвја

Обединетите нации ги канат земјите да развијат холистички планови за управување со животната средина. Нов Зеланд одлучи да преземе мерки со тоа што го финализира планот за засадување милијарда дрвја.

Владата додели дополнителни 240 милиони долари за проектот, со што вкупниот буџет ќе изнесува 485 милиони долари во текот на наредните три години. Ако биде одобрена, програмата ќе игра клучна улога во напорите на земјата да ги ублажи климатските промени.

Нов Зеланд ја разгледува можноста и за воведување нулта-емисии до 2050 година. Министерот за шумарство изјави дека дрвјата ќе помогнат во рехабилитацијата на деградираните средини, ќе помогнат да се развие дивината и ќе обезбедат околу 1.000 работни места.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот