X
 05.07.2017 Живот

Интензивната утринска рутина на Владимир Путин

Владимир Путин е ноќна птица. Додека се занимава со пресот 24/7, Путин завршува поголем дел од својата работа во текот на ноќта.

Поранешниот агент на КГБ не станува од кревет сè додека не помине утрото, според профилот направен од Бен Џудах од „Newsweek“. Џудах поминал три години истражувајќи го лидерот на Русија за неговата книга „Fragile Empire: How Russia Fell in and Out of Love with Vladimir Putin“.

Откако ќе се разбуди, околу пладне, Путин појадува. Тој обично појадува омлет или овесна каша, со јајца од препелица и урда. Појадокот обично се прави со помош на еден од политичките сојузници на Путин, а состојките доаѓаат од земјоделските имоти на патријархот Кирил, верскиот лидер на Русија.

По појадокот следува кафе. Подоцна Путин оди да плива околу два часа, а потоа следува вежбање со кревање тегови.

Утрото на Путин се карактеризира со неговата осаменост.

„Неговиот најблизок придружник е неговиот црн лабрадор Кони, кој секогаш чека покрај базенот“, вели Џудах.

По завршувањето на неговиот оброк и вежбањето, веќе стигнало пладне. Тогаш Путин седнува и почнува да ги чита дневните брифинзи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот