X
 05.07.2022 Култура

Што да гледате по „Почудни нешта“? Овие серии ќе им се допаднат на сите обожаватели на добра мистерија

Бидејќи растојанието помеѓу третиот и четвртиот дел од популарната серија беше точно три години, сигурно ќе чекаме прилично долго време до доаѓањето на петтата сезона на серијата „Почудни нешта“, особено ако се има предвид дека нејзините креатори, Мет и Рос Дафер, ја најавија како последна.

И додека чекаме повеќе вести за серијата, постојат и други серии во кои сигурно ќе уживате.

Доколку ви се допаѓа „Почудни нешта“, тогаш голема е веројатноста да ви се допаднат и некои од овие серии.

„Остатоците“ (2014-2021)



Базирана на истоимениот роман на Тома Перота, серијата „Остатоците“ ги следи последиците од катастрофата наречена „Ненадејно заминување“ во која исчезнаа 2 отсто од светското население преку ноќ.

Три години по овој трагичен настан, ги запознаваме преостанатите жители на градот Мејплтон во Америка, вклучувајќи го и депресивниот шеф на полицијата, Кевин Гарни Џуниор.

Тој не само што се бори со зависност од алкохол, туку и со тинејџерите и нихилистичкиот култ „Останатите виновници“ што ја вознемируваат заедницата. Секоја сезона е прилично возбудлива, а серијата е чудна мешавина од „Твин Пикс“ и „Изгубени“.

„Темно“ (2017-2020)




Оригинална серија на „Нетфликс“ од Германија, слична на „Почудни нешта“, но во уште помрачна средина и патувања низ времето.

И овде имаме носталгија за осумдесеттите, како и за другите епохи, како и за криминална приказна која локалните полицајци се обидуваат да ја решат.

„Полноќна миса“ (2021)



Мајк Фланаган, авторот на хоророт „Проклетата куќа на брдото“, направи уште една страшна приказна за мало заспано гратче.

Млад свештеник доаѓа на изолираниот остров Крокет и прави вистински пекол со неговата чудна и опасна практика на религијата.

„Аутсајдер“ (2020)



Базирана на истоимениот роман на Стивен Кинг, дејствието на серијата се случува во едно жешко лето во мал град во Оклахома, каде што почнуваат да се случуваат чудни работи.

Момче е пронајдено мртво во шумата, а полицијата наоѓа доволно докази за да се посомнева во инаку примерниот граѓанин и семејниот човек Тери Мејтланд. Шокиран од обвинувањата, тој негира дека е убиецот, а има и силен доказ дека за време на злосторството бил на друга локација.

„Твин Пикс“ (1990-1991)



Без „Твин Пикс“ немаше да постои „Почудни нешта“, ниту други серии од истиот жанр.

Ако сè уште не сте ја гледале, сега е време да се впуштите во натприродната авантура на Дејвид Линч и Марк Фрост, сместена во мистичниот град Твин Пикс, која започнува со откривањето на безживотното тело на Лора Палмер.

Специјалниот агент Дејл Купер е задолжен за случајот и се здружува со локалниот шериф Хари Труман, кој се вклучува во комплицираните животи на жителите на местото.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура