X
 05.07.2022 Живот

Живееме во Германија и ќерка ми никако да се навикне на градинката. Не го знае јазикот, па не си игра со децата, само плаче...

Пред 6 месеци со сопругот и со двете дечиња се преселивме во Германија. Ќерката има 4,5 години, а синот сега наполни една година. Ја запишавме во градинка пред еден месец. Првите две недели беше многу среќна и со радост одеше, но потоа почна „хоророт“ со плачење, одбивност кон градинката, не сака ни да слушне да оди, а уште помалку да седи таму. И јас одев со неа да седам, да играм, ама никако да се навикне и да престане со плачење. Штом ќе си дојдев дома, ми ѕвонеа да одам да ја земам зашто премногу плачела. Не сака да си игра со другите деца, повлечена е во некој нејзин свет, по цел ден ќе седи сама или со учителката. Главен проблем ѝ е непознавање на јазикот. Вели дека не ги разбира децата, па не може да си игра со нив. Учителките ѝ посветуваат максимално внимание и работат интензивно со неа бидејќи е странец, но тоа кај неа не дава резултати. Дома се обидуваме на секој начин да ѝ посветиме максимално внимание и љубов и преку разговор да го решиме проблемот, но штом ќе дојдеме до влезот на градинката почнува да плаче и да се инаети. Како да ѝ помогнеме да го надмине овој период?
Германциве се некако премногу студени во споредба со нас, Балканците, учителките ми велат: „Ќе плаче, ќе ѝ помине“. Но мора да се навикне зашто сето тоа ѝ влегувало во просек за во училиште кога ќе требало да ја запишеме. Секоја нејзина особина ќе биде заведена во документ кој ќе го добие пред запишување во училиште. А тука имаат строги критериуми и принципи. Како да постигнеме подобар резултат?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот