X
 05.08.2021 Образование

МОН доделува 15 стипендии за докторски студии

Од академската 2021/2022 година Министерството за образование и наука за првпат воведува стипендии за докторски студии во државата. Конкурсот е веќе објавен и може да се погледне ТУКА.

-Согласно направената измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата од научно подрачје природно - математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината. - стои во соопштението.

МОН ги охрабрува заинтересираните кандидати да ги разгледаат условите и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат.

Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk,  а кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование