X
 05.08.2022 Живот

Која земја има најбезбедни, а која најопасни патишта во ЕУ?

Шведска ги има најбезбедните патишта во Европската Унија, покажува интерактивна мапа за смртоносни сообраќајни несреќи.

На мапата може да се види бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи на еден милион жители за секоја од членките на ЕУ. Податоците се од 2010 година и 2020 година, а може да се забележи дека сите земји ја зголемиле безбедноста во сообраќајот во деценијата помеѓу овие години.


Фото: ACEA (printscreen)

Според мапата, во Шведска во 2020 имало 20 смртни случаи во сообраќајни незгоди на еден милион жители. Ова е намалување во однос на 28 смртни случаи во сообраќајни несреќи регистрирани во Шведска во 2010 година.

По Шведска, најбезбедни патишта имаат Малта (21 смртен случај во сообраќајна несреќа на еден милион жители), Данска (28), Шпанија (29) и Ирска (30).

Од друга страна, најмногу смртни случаи во сообраќајни незгоди во 2020 имале Романија (85), Летонија (73), Бугарија (67), Полска (66) и Литванија (63).

Извор: ACEA
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот