X
 05.09.2019 Живот

Фотографија поради која луѓето се убедени дека Стив Џобс е жив

Една фотографија на социјалната мрежа „Редит“ предизвика вистинска бура во виртуелниот свет. Многу луѓе поверуваа дека на сликата е Стив Џобс, кој почина во 2011 година.

Луѓето сметаат дека Џобс ја лажирал својата смрт и сега ужива во сето она што претходно не можел. Фотографијата е направена во Египет, а на интернет се појави неодамна, прикажувајќи човек кој неверојатно личи на Џобс, а седи во замислена поза, по која Џобс беше познат.

Некои веруваат и дека тој се откажал од неговиот препознатлив моден стил - фармерки и ролка и се посветил на духовноста и будизмот.

Некои теоретичари на заговор напоменуваат дека таткото на Џобс бил Сириец од Хомс, па наведуваат дека поради тоа не е неверојатно Стив, по лажираната смрт, да се преселил блиску до родната земја на родителите.

џобс
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот