X
 05.10.2020 Образование

Можете ли да го поминете најтешкиот училиштен тест во светот?

Секоја година милиони матуранти во Кина го полагаат тестот „гаокао“ - приемен испит за факултетите во земјата. Во тестот има прашања од областа на кинеската книжевност, математиката и еден странски јазик. Тестот има и други теми во зависност од средното училиште на матурантите. Матурантите го полагаат тестот вкупно 10 часа, во период од 3 дена.

Колку навистина е тежок овој тест? Во продолжение следуваат неколку прашања од минатите тестови, па проверете дали ги знаете одговорите. Решенијата ќе ги пронајдете подолу.

1. Прашање од областа на географијата: Еден брод за крстосување плови од провинцијата Фуџиан до Венеција помеѓу јуни и август, а притоа поминува покрај Мумбај. Со што од следново ќе се соочи?

а) Кога ќе поминува низ Црвеното Море, ќе се гледаат многу области со шуми покрај брегот.
б) Кога ќе поминува низ Јужнокинеското Море, постојано ќе врне.
в) Кога ќе поминува низ Арапското Море, бродот ќе полови спроти ветрови и струи.
г) Кога ќе поминува низ Средоземното Море, бродот ќе помине низ повеќедневни дождовни бури.

2. Прашање по англиски јазик: Дополни го зборот што недостига во реченицата: When deeply absorbed in work, ____ he often was, he would forget all about eating or sleeping.

а) that
б) which
в) where
г) when

3. Прашање од областа на политиката: Претседателот Си Ѓинпинг рекол дека иако уметноста се заснова на имагинацијата, таа сепак треба да биде приземна. Можеби има стотици начини да се создаде уметност, а најдобриот е да се заснова на секојдневието на луѓето и да се создаде нешто од тоа. Од материјалистичка гледна точна, ова е бидејќи:

1. Уметноста се создава од секојдневието на луѓето.
2. Уметноста зависи од иновацијата.
3. Начинот на кој уметноста се одразува врз општеството и нејзиниот стил се унифицирани.
4. Уметноста е идеолошка форма што ги покажува животите на луѓето додека истовремено им служи.

Одбери ги точните објаснувања.

а) 1 и 2
б) 1 и 4
в) 2 и 3
г) 3 и 4

4. Прашање од областа на историјата: Што се случило во советска Русија во 20-тите години на 20 век?

а) Започнале да се појавуваат приватни фирми.
б) Државните компании имале поголема автономија.
в) Владата ја забранила продажбата на храна.
г) Имало колективно сточарство кај селаните.

5. Прашање од областа на математиката: Доколку x+y≥a, x-y≤-1 а минималната вредност на z=x+ay е 7, а=?

а) -5
б) -5 или 3
в) 3
г) 5 или -3

6. Прашање од областа на физиката: Поставете две паралелни метални плочи хоризонтално на еднаква оддалеченост од точка А помеѓу нив. Претпоставуваме дека точката А испушта една наелектризирана честичка, а честичката останува стационирана. Доколку двете плочи ротираат под агол од 45% спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот околу оската на точката А, а тогаш точката А испушта уште една идентична честичка во застој, таа честичка ќе...

а) биде стационирана
б) ќе се движи право надолу со забрзано движење
в) ќе се движи нагоре лево со забрзано движење
г) ќе се движи кон долниот лев агол со забрзано движење


Фото: Pixabay

Одговори: 1 - в; 2 - б; 3 - б; 4 - в; 5 - в; 6 - г

Автор: Бриџет Одонел
Извор: thatsmags.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование