X
 05.10.2021 Наша тема

Анкета за родители: Дали сте „за“ тестирање за ковид-19 во училиште?

Учениците од прво до деветто одделение во основните училишта и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот ковид-19, доколку за тоа дадат согласност нивните родители. Ќе бидат опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Скрининот ќе трае пет дена и дневно треба да се тестираат по околу 1.600 деца. Мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

Ова е последната мерка од Министерството за здравство, според која, предвидениот скрининг на учениците треба да ја отслика состојбата со ширење на вирусот во училиштата и реалниот број на заразени во училиштата.
Иако според здравствените власти засега состојбата во училиштата е стабилна, ваквото тестирање треба да даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и образованието.

Од почетокот на учебната година, голем дел од родителите укажуваа на ризикот од физичка присуство во училиштата и бараа промена на моделот на настава.
На јасни пропусти во спроведувањето на протоколите во училиштата изминатиот месец укажа и народниот правобранител, како и Првата детска амбасада „Меѓаши“. За таа цел, ги прашуваме родителите дали би дозволиле нивните деца да бидат тестирани против ковид-19 во училиште.
Анкетата е анонимна, ве очекуваме.



*Оваа анкета не е на научна основа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема