X
 05.10.2022 Живот

Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата

Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија, соопшти Кралската шведска академија.

Шарплес (81), американски научник од Институтот „Скрипс“, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда.

Шарплес и Мелдал, дански научник од Универзитетот во Копенхаген, беа наградени за „воведување на хемијата во ерата на функционализмот и поставување на темелите на клик хемијата“, се наведува во соопштението.

Американската научничка Бертоци од Универзитетот „Стенфорд“, како што се наведува, вовела нова димензија на клик хемијата и почнала да ја користи за мапирање на клетките.
„Нејзините биоортогонални реакции сега придонесуваат за третмани за рак, меѓу многуте други примени“, истакнува Шведската кралска академија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот