X
 05.11.2017 Наука

Како изгледа вашиот мозок кога сте заљубени?

Сите знаеме дека љубовта си игра со нас. Но како таа влијае врз нашиот мозок? Истражување од 2015 година го дава првиот емпириски доказ за промените поврзани со љубовта во функционална архитектура на мозокот.

Што е љубовта?

По скенирање на мозокот на 100 студенти од Југозападниот универзитет во Кина, истражувачите откриле разлики во активноста на мозокот помеѓу оние кои биле заљубени, оние кои не биле заљубени и оние кои никогаш не биле заљубени, како и оние кои неодамна раскинале со некој што го сакале.

Учесниците во истражувањето имале задача да не размислуваат за ништо за време на скенирањата, овозможувајќи им на научниците да добијат подобра идеја за нивната секојдневна активност на мозокот. Оние од категоријата „Заљубени“ покажале зголемена активност во неколку области на мозокот, вклучително и во делови што биле поврзани со награда, мотивација и емоционална регулација, како и во мрежата на социјална когниција. Количината на активност во некои делови позитивно се поврзувала со времетраењето на љубовта во „Љубовната група“. За групата што неодамна раскинала со некој што го сакала, колку подолго поминало време, толку помала била количината на активност откриена во овие области на мозокот.

Иако љубовта е предмет на песни и поеми уште од почетокот на времето, истражувачите дури сега започнале да спроведуваат слични невролошки истражувања. Но голем дел од истражувањата покажуваат дека е вистина она што поетите и текстописците долго време го знаат - човек може да биде зависен од љубовта.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука