X
 05.11.2018 Наука

Бројот 137 е најголема мистерија за научниците

Дали универзумот што нѐ опкружува е структура што може да се преточи во еден број?

Американскиот физичар Ричард Фејнман, еден од највлијателните физичари на 20 век, кој работел на полето на квантната електродинамика, смета дека ваков број постои и дека сите физичари теоретичари треба да се запрашаат за тоа. Тој го нарекува една од најголемите мистерии во физиката, мистериозен број што ни доаѓа без да го разбереме.

Тој магичен број, постојана фина структура, е основна физичка константа поврзана со силата на електромагнетните интеракции и има ист износ во сите системи на мерни единици и изнесува приближно 1/137. Се означува со грчката буква алфа - α. Во овој случај посебно е она што таа се смета за најдобар пример на чист број, оној на кој не му требаат единици. Тој, всушност, комбинира три природни фундаментални константи, брзина на светлината, електрично полнење и Планкова константа, како што објаснува физичарот Пол Дејвис.

Причината за привлечноста на бројот е тоа што се појавува во клучните области на физиката, како што се релативноста, електромагнетизмот и квантната механика.

Британскиот физичар Лоренс Еивс од Универзитетот во Нотингем смета дека бројот 137 би можел да е сигнал од вонземјаните дека имаат мерка за совладување на нашата планета и сфаќање на квантната механика. И ним овој број би требало да им биде познат, особено ако имаат напредно развиена наука.

Овој број ги заинтригира и другите научници, особено нобеловецот Волфганг Паули, кој со него бил опседнат целиот свој живот.

- Кога ќе умрам, моето прво прашање до ѓаволот ќе биде: кое е значењето на константните фини структури? - велел тој на шега.

Ова прашање го поставил и за време на примањето на Нобеловата награда во Стокхолм во 1946 година, велејќи дека е потребна теорија за да ја одреди вредноста и со тоа да се објасни атомистичката структура на електричната енергија, што е важен квалитет на сите атомски извори на електрични полиња што се појавуваат во природата. Еден од пионерите на квантната механика починал во болничката соба под број 137. Пол во текот на целиот живот бил преокупиран со фината структура.

Една можност за употреба на овој број е мерењето на интеракцијата на наелектризираните честички, електроните и електромагнетните полиња. Алфа одредува колку брзо атомот може да емитира фотон. Исто така, влијае и врз деталите на светлината што емитираат атоми. Научниците успеале да набљудуваат светлина што доаѓа од атомот наречена „фина структура“. Оваа „фина структура“ е видлива на сонце и светлина што доаѓа од другите ѕвезди.

Физичарите се запрашале: Зошто природата инсистира на овој број?

Во низа различни пресметки се појавува уште од 80-тите години на 19 век, но до денес, и покрај низата можности, не се задржало ниедно објаснување. Неодамнешните истражувања довеле до можност константата да се зголеми во текот на 6 милијарди години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука