X
 05.12.2019 Живот

Актерката Кристен Бел почна инстаграм-кампања со која им ги исполнува желбите на наставниците

Славата доаѓа со многу одговорности, но може и да ве стави во одлична позиција на моќ што може да се користи за добро. Постојат многу познати личности што ги користат своите имиња за добри цели, а Кристен Бел е една од нив.

Таа го користи нејзиниот инстаграм-профил за да им помогне на наставниците на кои им се потребни материјали за нивните училници. Актерката минатата година лансира кампања и таа веќе успеа да влијае врз многу животи преку оваа неверојатна иницијатива.

Ако сакате да се номинирате себеси или некој наставник да биде дел од инстаграм-профилот на Кристен, испратете е-порака на featuredteacherfriday@gmail.com.

Секој петок актерката вклучува еден наставник на својот инстаграм-профил како дел од оваа кампања. Таа ја споделува приказната на наставникот заедно со листата од „Амазон“. Со тоа ѕвездата ги охрабрува луѓето да му помогнат на наставникот да ги добие потребните работи. Претходно во текот на месецов Кристен сподели приказна за Емили, воспитувачка во градинка од Мичиген.

1
Фото: Woodland Park Academy

- Брук ми испрати е-порака за да ја номинира нејзината пријателка Емили. Таа ми кажа дека кога се поставувала училницата на Емили, имала многу малку клупи и столчиња, така што останатите материјали ги купила сама. Затоа, ајде да ѝ испратиме љубов и поддршка на Емили - напиша Кристен на нејзиниот инстаграм-профил.

По два дена откако Кристен ја сподели приказната на Емили, почнале да пристигнуваат материјали од целиот свет.

3
Фото: Woodland Park Academy

- Само сакам да изразам благодарност за поддршката и убавите зборови што ги добив изминатава недела. Сè уште сум во шок. Само сакам да ви кажам колку сте неверојатни и прекрасни! Ве молам продолжете да ги поддржувате наставниците, образованието и најмногу од сè децата! - напиша оваа наставничка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот