X
 05.12.2019 Култура

Најдобрите филмови снимени со мобилен на 10. „Мобил фестивал“

Финалната вечер на 10. Фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ќе биде организирана утревечер во 17 часот во Кинотеката на Македонија. Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на нашата адреса на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон.
Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа над 1.000 филма од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и најиновативен филм. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, а ќе има и други награди и изненадувања.



Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот Keep it rolling. Ќе бидат прикажани 25 кратки филма на автори од цел свет, а од нашата земја ќе видиме филмови на Филип Лафазановски и Вероника Камчевска. Фестивалот го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура