X
 05.12.2020 Култура

Прв поглед на „Куќата на змејот“, серијата поврзана со приказната во „Игра на троновите“

Во четвртокот Ејч-би-о ги изненади обожавателите со известувањето дека во 2021 ќе започне снимањето на серијата „Куќата на змејот“, која е поврзана со приказната во популарната серија „Игра на троновите“. Беше објавена и скица од змејови кои ќе бидат дел од серијата.



Во објавата не беа откриени имињата на змејовите, но обожавателите веќе претпоставуваа кои може да бидат тие на социјалните мрежи.



„Куќата на змејот“ е инспирирана од приказната за историјата на семејството Таргариен во книгата „Оган и крв“. Во оваа приказна има многу змејови, што се очекува да се види и во претстојната серија.

Автор: Бил Бредли
Извор: huffpost.com
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура