X
 06.01.2020 Технологија

„Ербиенби“ тврди дека има АИ што може да предвиди дали гостите се психопати

За да си ги заштити домаќините, „Ербиенби“ сега користи алатка заснована на вештачка интелигенција (АИ) за да го скенира интернетот за знаци дека гостинот може да не е доверлив муштерија.

Алатката зема предвид сѐ, од кривично досие на корисникот до неговите постови на социјалните мрежи, за да ја оцени веројатноста за манифестирање особини како нарцизам, макијавелизам, па дури и психопатија.

Алатката е дело на „Трули“, стартап кој „Ербиенби“ го купи во 2017 година. Од „Ербиенби“ не сакале да кажат до кој степен се користи алатката, но на нивната страница се забележува користењето на АИ за оценување на потенцијалните гости.

- Секоја резервација на „Ербиенби“ се оценува за ризик пред да се потврди. Користиме предвидувачка аналитика и машинско учење за моментално оценување на стотици сигнали кои ни помагаат да ги означиме и истражиме сомнителните активности пред да се случат - наведуваат тие.

Тешко е да се каже дали АИ може да предвиди дали некое лице е психопат - или некој кого не би го сакале дома - само од информациите за тоа лице на интернет.

Сепак, ако алатката може да ги отстрани потенцијалните проблематични гости, лесно е да се види зошто компанија би сакала да ја имплементира.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија