X
 06.02.2019 Технологија

„Вајбер“ добива две нови важни функции

„Вајбер“ лансира редизајнирана верзија на својата апликација.

Од „Вајбер“ велат дека новиот дизајн им нуди на корисниците двојно подобри перформанси при испраќањето пораки.

Редизајнот со себе носи и две големи функции:

Разговори со скриени броеви во „Вајбер-заедниците“, овозможувајќи им на корисниците меѓусебно да комуницираат без потреба од размена на телефонските броеви. Тоа овозможува спонтана и незадолжителна интеракција со новите луѓе кои корисниците ги запознаваат во заедницата, а притоа да ги зачуваат својата приватност и безбедност. Корисниците можат да започнат комуникација така што ќе притиснат на корисничкиот профил во пораката во заедницата или во листата со учесници во делот во кој се наоѓаат информации за заедницата. Кога ќе се почувствуваат доволно пријатно, корисниците можат да си ги откријат своите броеви на телефон и да продолжат со неограничената интеракција.

Групни повици, кои ќе овозможат реализирање на групен разговор за до пет лица и тоа со додавање корисници на постојниот еден на еден повик или со започнување повик директно во групен повик. Оваа функција на почетокот ќе биде достапна само за гласовни, а подоцна и за видеоповици.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија