X
 06.02.2023 Живот

Филмот за култниот документарист Љубе Цветановски достапен на „Јутјуб“ по повод 10-годишнината од неговата смрт

Филмот „Детето во светот“ посветен на Цветановски, а од денес достапен на „Јутјуб“ се фокусира на неговите сеќавања и патувањата во над 20 егзотични земји, од каде што ја збогати македонската ризница со многубројни исконски репортажи. Мајсторот на документарниот филм, познат по својот хумористичен и поетски стил, нѐ води на незаборавно патување.

„Крај песочните плажи, до бистрата морска вода, можеш да ја споредуваш младоста и долговечноста, можеш да се прашуваш каков би бил светот ако со него владеат само луѓето што ја сакаат убавината...“ - Љубе Цветановски


Поет, патописец, документарист, новинар. Човек кој знаеше да каже дека спознанието ќе биде ништожно ако не го споделиш со друг, ако не го раскажеш со збор или ако не го регистрираш низ објективот на камерата... Таков беше култниот Љубе Цветановски - македонска легенда чиј живот згасна пред 10 години.




„Добар документарен филм е оној кој личи на игран филм, а добар игран филм е оној кој личи на документарен филм“, говореше Љубе Цветановски. Режисер на филмот е неговиот син Гоце Цветановски.

Издвојуваме

Живот