X
 06.03.2017 Живот

Како кармата ги плете ситуациите во животот што не можеме да си ги објасниме?

Во меморијата на душата се закопани негативни филмови на секое случување. Со голема прецизност потсвеста памети сѐ што говориме и што правиме, како и она што индивидуата го преживеала.

Свесноста ја доведува таа негатива во фокус, но исто така и несвесноста во облик на планета ни го носи она што сме го правеле во минатиот живот. Без било какво важно разбирање на реинкарнацијатам голем дел од современите психолози пациентите кои страдаат од страв или друга фобија ги третираат така да причините ги бараат само во родителите, иако многу пати ги нема на реална основа.

Надевањето дека со враќање во детството човекот конечно ќе успее да се ослободи од фобиите и стравот, т.е. очекувањето од психотерапевтот дека начинот на живот со скаменети навики од две или три инкарнации ќе го промени со 200 третмани во тек на 4 години е сосема лудо.

Во потсвесната желба за подобар живот, некои поединци имаат моќ да го компресираат времето. Кај некои личности проблемот траел можеби 30 или 40 години и кога тие настани ке се пробудат сега, психотерапевтот станува немоќен и без одговор.

Во истовреме траумите од минатото имаат тенденција да бидат болни во сеќавањето на душата, така што поединецот во сегашноста оди во крајност за да го избегне подрачјето и ситуациите  за кои потсвесно знае дека ќе бидат негативни.

Изгледа логично личноста која државата ја опљачкала или ја пратила во војна, или го изгубила животот, да нема добро мислење за својот живот и ке бара информации  за да се потврди таа негативност на државата.

Некои личности кои ги оставил партнерот, а со тоа и ги повредил, при средба со таа личност во овој живот може да биде бездушна кон неа без да знае дека тој партнер го повредил во минатиот живот.

Поради тоа ако Ви се случува во овој живот да имате силни емоции, а не можете да ги контролирате, размислете. Би можеле да откриете многу за себе и таа личност.

Несреќите и негативните настани не смееме да ги прифаќаме лесно. Ако сум несреќно заљубен тогаш  треба да се запрашаме  дали таа личност сум ја отфрлил во минатиот живот. Во меморијата на душата се всадени негативни филмови за секој настан. Со голема прецизност потсвеста памети сѐ што зборуваме, што правиме и  сѐ што поединецот доживеал.

Кармата и несвесното

Смислата Јyotsu е да се откријат менталните  вртежи  на планетите во нашиот ум кои создаваат лажна слика на стварноста. Менталните вртлози претставуваат несвесни содржини кои непрестано навираат за нашето поимање за стварноста. Тоа е како да гледаме во стварноста низ чаша со вода, односно ние не можеме добро да ја видиме стварноста во која живееме. Луѓето во минатото не користеле комплицирана терминологија со која ние денеска се служиме. Тие користеле симболи кои секогаш се живи и објаснуваат многу повеќе од поимот. Затоа значењето на планетите порано било многу важно. Во ова наша смисла планетите се само одраз на кармата на нашите минати акции.

Често се прашуваме како тоа изгледа во стварност. На пример, некој е воинствен. Patańđali вели дека се работи за искуства од минатиот живот  кои во овој живот ја тераат личноста да ја актуелизира таа потреба.Многу автори говорат дека тоа е повторно стварање на карма,односно секоја акција ствара нова акција и така во недоглед, без разлика дали се работи за негативни или позитивни дела.

Затоа е потребна јога за да акцијата не би се таложела во потсвесвесните  резервоари т.н. аlaya. Овде доаѓаме до главниот проблем ,односно како нешто може да се таложи иако не постои можност за таложење.

Patańđali  не се  занимава со причините колку е насочен кон уништување на таквите резервоари и искуствата кои го ствараат  страдањето и погрешно ја перцепираат стварноста. Таквото искуство на согорување на менталните  вртежина т.н.  bidja . Patańđali  го нарекува nirbidja Samadhi, односно Samadhi - без микроби. Oна што никој од авторите не објаснсува е дека сме фатени во несвесна струја или планетарно дејство кое автоматски ги тера луѓето да ги доживуваат тие искуства.

Лугето во такви акции стварат ново астрално тело или несвесно  од која се раѓа нов живот и така личноста  од која се раѓа нов живот развива ментална,емоционална и физичко ниво на постоење.

Карл Јунг тврди дека  со анализа на сонот  може да се види колку личноста непредувала  во тој развој, осносно колку се ослободила од влијанието на несвесното (микроби или планети). Исто така во jyotsu можеме да утврдиме  колку личности  ги освестиле трите новоа на постоење.

Меѓутоа тоа, како Прометеј, ни се поставува прашањето зошто никој не нѐ праша дали сакаме да ги доживееме тие искуства? Тие искуства се дел од нашата посебеност и не претставуваат нас, нашето делување, додека самот чин на освестување го викаме трансформација. Како и да се завртиме, јасно е дека  човекот не треба да се прашува зошто сме поставени во таква ситуација, туку како да излеземе од неа.

Затоа, факт е дека сме принудени на трасформација, но за да го скратиме тој пат потребно е  да се направи дијагностика, односно да се види што е потребно да се стори сега  и како да го намалиме страдањето. Низ потсвеста многу погрешно ја толкуваат таа транфромација па затоа и правеа подвизи. За Ashrami манастирите станаа домнови за многумина кои побегнаа  од животот каде се заборава ако со мислите сме со световите, тогаш таквото повлекување  е бегство од проблемите. Така често можеме да пронајдиме луге  во ashrami  и манастири  кои навистина се ментално развиени но емоционално патат  од неуроза  или лесна депресија. Затоа важно е да се исправи потсвесната неправда, каде вештачки се претпоставува дека духовниот живот се одвива само во црквите и манастирите и дека духовниот живот нема многу врска со духовноста.

Поради тоа  се служиме со jyotishi и неговата дијагностика  осносно  неговата можност  човекот  да сфати  како е да се биде градинар еднакво духовно како  да се обавува  свештеничко занимање. Во Индија тоа се вика КАРАМА ЈОГА, дејствување без врзување за резултатите од  дејствувањето.

Пишува: Никола Жувела 
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот