X
 06.03.2020 Технологија

„Фејсбук“ изминатата година избришал 6,6 милијарди лажни профили

„Фејсбук“ откри дека со помош на алатка минатата година открил и отстранил повеќе од 6 милијарди лажни профили од својата социјална мрежа. Ова се дополнителни бројки, покрај милионите лажни профили што „Фејсбук“ секојдневно не дозволува да се креираат.

Според компанијата, алатката се развивала две години и е една од најнапредните методи на „Фејсбук“ за борба против лажните профили. Алатката е способна да го препознае однесувањето на лажните профили помеѓу вистинските со тоа што анализира илјадници карактеристики.


Фото: Pixabay

Меѓу другото, алатката го зема предвид бројот на барања за пријателство испратени од страна на профилот и групите од кои станува дел. Моделот е способен да се менува како што се адаптираат лажните профили.

Бохра Чарбауи од „Фејсбук“ изјавила дека алатката го намалила бројот на лажни профили на мрежата за 27%. Таа претпоставува дека на социјалната мрежа во моментов има околу 5% лажни профили.


Фото: Pixabay

„Фејсбук“ и порано отстранувала милијарди лажни профили од мрежата, но отстранувањето на 6,6 милијарди профили годишно е рекорд.

Извор: Engadget.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија