X
 06.05.2019 Наука

Менталните нарушувања се почести кај луѓето што живеат сами

Според истражувањето на Луис Јакоб од Универзитетот во Версај, луѓето што живеат сами почесто имаат ментални нарушувања.

Процентот на луѓе што живеат сами се зголеми во последниве години поради стареењето на населението, намалувањето на стапките на брак и намалувањето на плодноста.

Во новото истражување истражувачите користеле податоци за 20.500 лица на возраст од 16 до 64 години што живееле во Англија, а учествувале во анкетите за национални психијатриски болести во 1993, 2000 и 2007 година. Било спроведено истражување за да се открие дали лицето имало често ментално растројство, користејќи клиничко интервју, фокусирајќи се на невротични симптоми во текот на претходната недела. Освен бројот на луѓето што живееле во домаќинството, биле достапни и податоци за фактори како тежината и висината, зависноста од алкохол, употребата на дрога, социјалната поддршка и осаменоста.

Претходните истражувања ја испитувале поврзаноста помеѓу самостојното живеење и менталните нарушувања, но генерално биле спроведени кај постаро население и не се генерализираат кај помладите луѓе.

Преваленцијата на луѓе што живееле сами во 1993, 2000 и во 2007 година била 8,8 отсто, 9,8 отсто и 10,7 отсто. Во тие години стапките на често ментално растројство изнесувале 14,1 отсто, 16,3 отсто и 16,4 отсто. Во сите години, сите возрасти, и кај мажите и кај жените, имало позитивна поврзаност помеѓу живеењето сам и честите ментални растројства.

Во различни подгрупи на луѓе живеењето сам го зголемило ризикот на лицето од чести ментални растројства од 1,39 на 2,43 пати. Севкупно, осаменоста објаснува 84 отсто од поврзаноста на честото ментално растројство со живеењето сами. Авторите велат дека интервенциите што се однесуваат на осаменоста може да помогнат во менталната благосостојба на индивидуите што живеат сами.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука