X
 06.05.2020 Живот

Детална фотографија од кратерите на Месечината

Фотограф успеал да направи најјасна фотографија од кратерите на Месечината, комбинирајќи повеќе фотографии каде што светлината се среќава со темнината.


Астрофотографот Ендру Мекарти од Калифорнија комбинирал илјадници слики во текот на лунарните фази за да ја покаже површината на Месечината во сета своја слава.

Му биле потребни две недели, како што се зголемувала количината на осветлената површина што се гледала од Земјата.

2

Спектакуларниот краен резултат открива неверојатна низа на кратери, дупки и несовршености на соседот на Земјата стар 4,5 милијарди години.

- Од две недели фотографирање на Месечината, го зедов делот од сликата што имаше најмногу контраст, ги усогласував и ги мешав за да ја покажам богатата текстура на целата површина на Месечината. Ова беше исцрпувачки бидејќи Месечината не се појавува исто, така што секоја слика мораше да биде мапирана во 3Д-сфера и приспособена за да биде усогласена - вели Мекарти.

1

Извор: Daily Mail
Фотографии: Swns.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот