X
 06.05.2020 Образование

Том Хенкс преку видео им се обрати на дипломците: „Вие сте одбраните“

Актерот Том Хенкс одржа говор по повод доделување на дипломите на студентите на Универзитетот „Рајт Стејт“ во Охајо, во кој го опишува животот по коронавирусот како „големото рестартирање“.

Актерот беше меѓу првите познати личности што се заразија со новиот коронавирус. Хенкс го одржа својот говор за студентите во видео во кое дипломците ги нарекува „одбраните“.


Фото: Youtube

- Вие сте одбраните поради судбината која била незамислива кога сте ги започнувале своите авантури на „Рајт Стејт“. Почнавте во старите времиња, во светот пред големата пандемија во 2020. Ќе зборувате за тие рани години во вашиот живот на таков начин - вели Хенкс во видеото.

- Дел од вашите животи секогаш ќе се означува како „пред“. На ист начин на кој другите генерации го делат времето на „тоа пред војната“ или „пред интернетот“ или „пред Бијонсе“. Зборот „пред“ ќе носи голема тежина за вас - продолжува Хенкс.

Според актерот, пандемијата направи „добри Американци“ од младите луѓе кои прават жртви за да спасуваат животи.

Актерот објави дека бил позитивен на тестирањето за коронавирус заедно со неговата сопруга Рита Вилсон, во март. Во тој период Хенкс бил во Австралија на снимањето филм за Елвис Присли.


Автор: Џејкоб Столворти
Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование