X
 06.06.2018 Економија

Најдобрите 15 града каде што луѓето се поплатени, а одмораат повеќе

Само 18 отсто од американските работници добиваат најмалку 15 дена одмор на годишно ниво, 38 отсто добиваат од 10 до 14 дена одмор, 30 отсто добиваат од пет до девет дена, а 8 отсто добиваат помалку од пет дена одмор, покажуваат статистиките.

Тоа е за оние што добиваат одмор. Една петтина од американските работодавци сѐ уште не им нудат платен одмор на своите вработени, покажува нов извештај на „Експерт маркет“, во кој се наведени и најдобрите градови во светот за земање одмор и заработување големи плати.

Најдобрите градови се во Европа, а Њујорк е единствениот американски град што влезе меѓу првите 15.

Еве ги најдобрите градови во светот каде што работниците добиваат поголема плата за да работат помалку, земајќи ги предвид трите фактори: нето-плата, работни часови во годината и денови за одмор.

15. Женева, Швајцарија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 5.817 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.859

Платен одмор на годишно ниво: 27 дена

14. Москва, Русија


Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 999 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.647

Платен одмор на годишно ниво: 31 ден

13. Њујорк, САД

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 4.304 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.847

Платен одмор на годишно ниво: 27 дена

12. Франкфурт, Германија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.626 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.757

Платен одмор на годишно ниво: 28 дена

11. Виена, Австрија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.045 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.678

Платен одмор на годишно ниво: 27 дена

10. Лондон, Англија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.776 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.740

Платен одмор на годишно ниво: 25 дена

9. Осло, Норвешка

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 3.154 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.744

Платен одмор на годишно ниво: 25 дена

8. Даблин, Ирска

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.603 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.770

Платен одмор на годишно ниво: 31 ден

7. Рим, Италија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 1.791 долар

Работни часови на годишно ниво: 1.736

Платен одмор на годишно ниво: 32 дена

6. Копенхаген, Данска

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.958 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.697

Платен одмор на годишно ниво: 25 дена

5. Лион, Франција

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.269 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.631

Платен одмор на годишно ниво: 29 дена

4. Хелсинки, Финска

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.620 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.659

Платен одмор на годишно ниво: 29 дена

3. Париз, Франција

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 2.583 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.604

Платен одмор на годишно ниво: 29 дена

2. Минхен, Германија

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 3.180 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.721

Платен одмор на годишно ниво: 29 дена

1. Луксембург

Фото: Business Insider

Месечна нето-плата: 4.292 долари

Работни часови на годишно ниво: 1.703

Платен одмор на годишно ниво: 32 дена.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија