X
 06.07.2016 Образование

За кои делови од понудата за работа можете да преговарате?

Кога ќе споменете „преговарање“ за време на понуда за работа повеќето луѓе мислат на платата, бонусите и датумот на започнување со работата. Меѓутоа понудата за работа ви дава толку многу можности.

Постојат неколку работи кои треба да ги имате во предвид кога некоја компанија ќе ви предложи работа:

- Можете да преговарате за се'. Освен платата и бонусот, можете да дискутирате за предмети како: акциите на компанијата, бенефиции и придобивки како одмор, надомест за школување и автомобил, и гаранција за исплата на отпремнина.

Логично е да преговарате дури и ако имате мали шанси да ги добиете овие работи. Ако не прашате, нема да добиете. Иако работата доаѓа со плата, се' останато е екстра.

Исто така, можете да преговарате за исклучоците на политиката. Дали можете да земете неколку дена порано одмор? Ако компанијата нормално нуди плата за преместување, а вас не ви е потребно, дали дел од тие пари може да ги добиете за друга корист?

Можете да преговарате и за работна позиција. Можеби вашата работа ќе биде маркетинг менаџер, но вклучува и маркетинг и должности за продажба. Можете да лобирате за поширока титула (повисок маркетинг менаџер) за подобро одразување на улогата.

Но, потребно е да ги приоретизирате работите. Додека постојат многу работи за кои можете да преговарате, треба да зборувате само за она што е најзначајно за вас. Рангирајте ги различните компоненти за да знаете за кои сакате да дискутирате.

Идентификувајте што за вас претставува прекршување на договорот: проблеми кои би предизвикале да ја одбиете понудата. Исто така, треба да знаете како се чувствувате за секој дел од понудата. Така на пример, ако компанијата сака да ви даде повеќе одмор но помалку бонус, ќе знаете што за вас е повредно.

Имајте на ум дека преговорите не престануваат тогаш кога ќе ја прифатите понудата. Вие преговарате и кога сте на работа. Тоа може да значи повеќе луѓе за контрола, зголемување на вашиот буџет, продолжување на крајниот рок, преземање на проект и слично.

Дипломатијата и разумноста се вашето оружје. Изберете за она што ќе се борите и зачувајте ги односите.

Потребно е да ги имате во предвид можните приговори на работодавачот и подгответе се да се справите со нив. Креативно размислете за тоа како да структурирате понуда која ќе функционира и за двајцата.

За крај, не заборавајте да вежбате преговори. Направете го тоа со пријател/родител/брат/сестра. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование