X
 06.07.2017 Живот

Не станува збор за тоа што знаеш, туку кого знаеш

Нарцисоидните луѓе имаат тенденција да достигнат поголеми успеси. Тоа е најчудниот факт што писателот Ерик Баркер го научил по една деценија истражување на прашањето зошто некои луѓе се поуспешни од другите.

Тој вели дека тие се подобри на интервјуата за работа, поатрактивни се и почесто се унапредувани на лидерски позиции. Освен тоа, тој дошол и до други непријатни откритија. На пример, открил дека во реалниот свет не е важно да се биде на врвот во класот во училиште или на факултет. Тој наведува една студија направена на Бостонскиот колеџ во САД која ги документирала животите на 81 студент, 14 години по дипломирањето. 90% од нив имале работни места, а 40% се искачиле на највисоката позиција во својата област.

Друга студија во која биле вклучени 700 милионери открила дека нивниот просечен успех бил 2,9, а освен тоа често ги кршеле правилата при полагање испити.

Трета студија покажала дека за да се искачите по скалилата на успехот, потребно е добро да менаџирате со тоа како вашиот шеф гледа на вас. Исто така, умилкувањето е секогаш добредојдено, дури и кога шефот знае дека тоа е сосема неискрено.

Баркер вели дека не сака со своето истражување да ги претвори сите во бесчувствителни психопати, ниту пак дека оние што не се нарцисоидни немаат среќа. Тој открил дека не се исплаќа да се биде нарцис бидејќи така на работното место ќе има само лажговци и лицемери кои создаваат непријатна околина за работа.

Тој вели дека многу е важна максимата „Не станува збор за тоа што знаеш, туку кого знаеш“. Исто така, според него, луѓето прават голема грешка што не се спознаваат себеси доволно и не си ги знаат јаките и слабите страни доволно, а без тоа е тешко да се вклопите во средина и да си дозволите да растете и да напредувате.

Успехот е можен за сите, но потребно е поголемо разбирање за себеси и да се има лична дефиниција за успех што одговара со истото.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот