X
 06.07.2021 Технологија

Трикови кои ќе ви ја олеснат работата во „Мајкрософт ворд“

„Мајкрософт ворд“ е еден од најпопуларните софтвери за обработка на текст, а поголемиот дел од нас го користи секојдневно. Меѓутоа, иако го користиме редовно, софтверот има многу опции кои може да ни ја олеснат работата, а за кои многумина не знаат.

Уредување параграфи

Кога уредувате текст кој има многу параграфи, симболот ¶ ќе ви биде добар сојузник. Тој симбол го означува крајот на линијата во текстот и може да ви помогне да видите дали сите параграфи изгледаат слично или имате параграфи во кои последната реченица е пократка. Опцијата се активира во „Paragraph settings“.

Користење кратенки за специјални или надредени знаци

„Мајкрософт ворд“ има повеќе кратенки со кои се олеснува користењето акцентирани знаци. На пример, буквата е со надреден знак се добива со истовремено притискање на Ctrl, ' и буквата Е. Другите букви со надреден знак се добиваат на сличен начин со користење на Ctrl, ' и соодветната буква.



Фото: Freepik

Фокусирање

Доколку мора да се концентрирате на пишувањето, обидете се со начинот на работа „Focus“. Со неговото активирање документот на кој работите ќе биде ставен на цел екран, а сите други опции и менито ќе бидат отстранети. Опцијата се наоѓа во менито „View“.


Лозинка

Поради почестото работење од дома, многу луѓе се принудени да делат компјутер со друг член од семејството. Доколку сакате поголема безбедност, секогаш може да ги заштитите вашите документи со лозинка. Таа се активира во менито „File“, а со одбирање на „Protect document“, а потоа и „Encrypt with password“. Не постои начин на враќање на документот без лозинка, така што не ја заборавајте.

Превод

Во софтверот може и да се преведува. Доколку ви е потребен брз превод, треба да го означите текстот, а потоа со десен клик да ја најдете опцијата „Translate“. Потоа се одбира јазикот на кој сакате да ви се преведе текстот.

Извор: Business Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија