X
 06.07.2022 Спорт

Калин Ивановски се пласира во четврт-финале на јуниорскиот Вимблдон

Калин Ивановски се пласира помеѓу осумте најдобри тенисери на јуниорскиот дел од грен слемот Вимблдон.

Македонецот попладнево со 2-1 го победи Едас Бутвилас од Литванија, кој важеше за осми носител на турнирот.

Во меч што траеше два часа и три минути, Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, во вториот возврати со 7:5, а во третиот доминираше и го доби со убедливи 6:0.

Противник на Ивановски во четврт-финалето ќе биде поуспешниот од дуелот Бор Артнак (Словенија) – Педро Роденас (Шпанија).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт