X
 06.07.2022 Живот

Месечен билет за ЈСП може да си купите и преку апликација

Новата виртуелна автобуска картичка „Скопска“ овозможува електронско купување и валидирање на билет

Неодамна беше пуштена во употреба мобилната апликација „Скопска“ – виртуелната автобуска карта. Од ЈСП истакнаа дека апликацијата е достапна за корисниците на Aндроид и iOS оперативните системи.

Апликацијата ги нуди следните услуги:

- електронско купување и валидирање на билет;
- возен ред на автобуси на секоја постојка;
- мапа која ги покажува постојките што се најблиску до нас и
- маршрута на планирање.

Од ЈСП објавија видеоупатство за инсталирање и користење на апликацијата во кое детално е објаснет целиот процес и е наведено како можете да купите и да валидирате билет за едно или повеќе возења или, пак, месечен билет.


Електронските картички „Скопска“ и понараму можат да се купуваат и користат, како и хартиените билети достапни во билетарниците на ЈСП Скопје или преку апликацијата „Mobipay“ за мобилно плаќање.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот