X
 06.08.2017 Забава

Шеги што можат да ги сфатат само паметните

Постојат шеги што не ги сфаќаме од прво кажување или, пак, воопшто не ги разбираме. На интернет има неколку од нив што сигурно нема да ги раскажете пред друштвото бидејќи ретко кој ќе ги разбере. Обидете се и вие.

1. Тенка е линијата помеѓу броителот и именителот.

2. Постојат 10 вида луѓе на светот. Оние што го знаат бинарниот систем и оние што не го знаат.

3. Добре дојдовте на состанок на анонимни зависници од пластични операции. Гледам многу нови лица, што е тажно.

4. Тешко е да им се објаснат шеги на клептомани бидејќи тие работите ги земаат буквално.

5. Што кога ќе пресечете реторички виц со прашање?

6. Натриум натриум натриум натриум натриум натриум натриум натриум Бет мен.

7. Ентропијата веќе не е она што била.

8. Фројдово промашување е кога сакате да кажете една работа, но случајно велите „мајка“.

9. Шродингеровата мачка влегува во кафуле. И не влегува.

10. Римјанин влегува во бар и бара мартинус. Шанкерот го прашува: „Мислите мартини?“ Римјанинот одговара: „Да сакав дупли, би побарал“.

11. Ајнштајн, Њутон и Паскал играат криенка. Ајнштајн е на ред да мижи и да брои до 10. Паскал побегнува и се крие. Њутон црта на подот квадрат со големина на 1 квадратен метар пред Ајнштајн и стои во него. Ајштајн завршува со броење и го гледа Њутон. Извикува дека го гледа. Њутон се смее и вели: „Не, го најде Паскал“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава