X
 06.08.2018 Живот

Приказна што ќе го промени начинот на кој размислувате

Двајца мажи, сериозно болни, делеле иста соба во болница.

Едниот човек смеел да стои исправено на болничкиот кревет еден час секое попладне за да му се исцеди течноста од белите дробови. Неговиот кревет се наоѓал до единствениот прозорец во собата. Двајцата мажи зборувале со часови. Зборувале за нивните сопруги и семејства, за нивните домови, работните места, воената служба, одморите...

Секое попладне кога мажот со креветот покрај прозорецот станувал, го поминувал времето опишувајќи му на неговиот другар што гледал надвор од прозорецот. Мажот кој постојано лежел почнал да живее за тие часови во кои неговиот свет бил проширен и оживеан од активностите и бојата на надворешниот свет. Прозорецот гледал на прекрасно езерце во кое пливале патки и лебеди, додека децата играле околу езерцето, а млади заљубени парови за рака се шетале меѓу цвеќиња од сите бои, додека уживале во прекрасниот поглед во далечина. Како што мажот покрај прозорецот му ги опишувал овие детали, човекот од другата страна на собата ги затворал очите и ја замислувал оваа живописна сцена.

Едно топло попладне човекот што седел покрај прозорецот му опишувал парада. Иако другиот човек не можел да го слушне бендот - тој таа слика совршено си ја претставил во сопствената глава.

Едно утро, сестрата дошла да донесе вода за да се избањаат, но за жал го пронашла безживотното тело на човекот кој лежел покрај прозорецот. По неколку дена човекот од другиот крај на собата побарал да го преместат во близина на прозорецот. Сестрата била многу среќна да му ја исполни желбата, па така откако се осигурала дека му е удобно, го оставила сам. Тој полека се напрегнал да погледне низ прозорецот. Кога ја тргнал завесата, се изненадил - немало ништо друго освен ѕид. Кога ја прашал сестрата зошто неговиот починат цимер му опишувал такви работи кога всушност не постоеле, сестрата одговорила дека човекот бил слеп, па не можел да го види ниту ѕидот. „Можеби сакал само да те охрабри“, одговорила таа.

Епилог - Постои огромна среќа во тоа да ги направиш другите луѓе среќни, и покрај нашата ситуација. Споделената тага е половина тага, но споделената среќа е двојна. Ако сакате да се чувствувате богато, само избројте ги работите што не можат да се купат со пари.

Во продолжение може да го погледнете и видеото:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот