X
 06.08.2018 Образование

Светска универзитетска листа - Кој е најдобриот универзитет во светот?

Ниту еден македонски универзитет не е меѓу најдобрите 1.000 во светот.

Веќе сме навикнати нашите универзитети да не се наоѓаат на ранг-листата на најдобрите во светот.

Ништо подобро не поминаа ниту универзитетите во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Сепак, Хрватска, Словенија и Србија имаат нешто подобри резултати, вели најновата ранг-листа на британскиот институт „Квакарели Симондс“ (QS) за 2019 година.

stenford

Според ова истражување, најдобрата високообразовна институција во регионот е Универзитетот во Љубљана кој и оваа година го повторил минатогодишниот успех, завршувајќи во категоријата помеѓу 651 и 700 место. Универзитетот во Загреб падна од категоријата 601 до 650 место, во категоријата 801 до 1.000 место, каде се наоѓа и Универзитетот во Марибор и Универзитетот во Белград.

Најдобар универзитет во светот е американскиот Институт за технологија во Масачусетс, после него е Стенфорд, па Харвард, па  Калифорнискиот институт за технологија, Кембриџ, Оксфорд, Универзитетскиот колеџ во Лондон, Империјалниот колеџ во Лондон, Универзитетот во Чикаго и Швајцарскиот федерален институт за технологија.

Оваа ранг-листа се прави врз основа на шест критериуми: академскиот углед (40 отсто), соодносот факултет/студент (20 отсто), цитати по факултет (20 отсто), углед кај работодавачот (10 отсто), меѓународен студентски сооднос (5 отсто), сооднос на меѓународен персонал (5 отсто).

Подетално можете да погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование