X
 06.08.2022 Образование

Валентина Динова: Се стремиме за IQ UP! во секој град, затоа што сите деца заслужуваат еднакви можности

Среќни сме што за неколку месеци успеавме да ја развиеме франшизната мрежа на IQ UP! училишни центри во државата отварајќи 9 (девет) IQ UP! училишни центри, како во Скопје така и во градовите од внатрешноста на Македонија и тоа два центри во Скопје: Аеродром и Карпош, и по еден центар во Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кичево, Охрид и Радовиш. Официјално овие IQ UP! училишни центри започнуваат со работа од 1 септември. Со IQ UP! едукацијата создадовме образовен модел кој ги пополнува и надминува сите предизвици и дупки што ги има традиционалното образование, вели Валентина Динова, една од основачките на франшизата

Најбрзорастечки франшизен модел за деца IQ UP! втроглаво се шири. Своите решенија и услуги ќе ги овозможи и доближи до децата од Општина Карпош, Општина Аеродром, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Велес, Штип, Радовиш... А секако ова не е крајна станица, првата македонска едукативна франшиза допрва ќе се мултиплицира, а придобивките ќе ги почувствуваат сите заинтересирани.

IQ UP! е компанија со франшизен бизнис-модел, дел од групацијата на веќе докажаниот бренд за детска едукација „Светот на Биби“. IQ UP! е едукативна франшиза за деца од 5 до 13 гoдини која нуди уникатен образовен модел, базиран на иновативна методологија во која се користат напредни и современи методи, техники и пристапи на учење, со цел стекнување функционално знаење и интелектуални вештини. Во IQ UP! едукацијата се опфатени сите области од СТЕАМ-спектарот (наука, технологија, инженерство, уметност и математика), комбинирани со литература и програмирање за деца.

Уникатна и иновативна методологија

Амбициите на IQ UP! од ден на ден растат со цел да им ја доближат франшизата и моделот на што повеќе деца.
- Кога го структуриравме и дефиниравме бизнис моделот на IQ UP! одлучиме да одиме со франшизен систем, затоа што франшизата како систем нуди најсигурен начин на покривање на секундарен и терцијален пазар, односно отварање на училишни центри и во градовите од внатрешноста од државата, па дури и во најмалите градови, а притоа имајќи ја целосната контрола врз квалитетот и стандардите на едукацијата и услугите што ќе ги нудат IQ UP! училишните центри. Ние во IQ UP! силно веруваме дека пристапот до квалитетна едукација е еден од основните и многу важни фактори за развојот на децата, формирањето на нивната личност, како и за нивната иднина. Затоа сакаме IQ UP! едукацијата да ја направиме достапна за што е множно поголем број на деца во Македонија, без разлика во кој дел или град од државата живеат. Бидејќи сите деца заслужуваат еднакви можности - истакнува Валентина.



IQ UP! едукацијата е базирана на уникатна и иновативна методологија, во која се користат современи и напредни техники, пристапи и активности кои овозможуваат на учениците да стекнат функционално знаење, кое останува трајно во нивната меморија и знаење кое можат да го приментат во секојдневниот живот. - Од друга страна овој начин на едукација им овозможува на учениците да развијат интелектуални вештини како: креативност, логичко размислување, решавање на проблеми, носење на одлуки, иновативност, самодоверба, тимска работа, презентациски и комуникациски вештини. Со IQ UP! едукацијата создадовме образовен модел кој ги пополнува и надминува сите предизвици и дупки што ги има традиционалното образование.

УПИСИ IQ UP! 2022/23

IQ UP! едукацијата нуди уникатен и иновативен образовен модел. IQ UP! Едукацијата, преку мултидисциплинарен систем на учење, ги опфаќа сите области од СТЕАМ-спектарот (наука, технологија, инженерство, уметност и математика), комбинирани со литература и програмирање за деца. Во нашите IQ Up! училишта секоја училница е креирана како интерактивна и забавна лабораторија, каде што секој час учиме одредена тема преку експериментирање, истражување, анализирање, работа на реални проекти, многу интерактивни игри и активности - споделува нашата соговорничка.



Уписите започнаа!

- IQ UP! франшизата ја лансиравме на почетокот на летото. Среќни сме што за неколку месеци успеавме да ја развиеме франшизната мрежа на IQ UP! училишни центри во државата отварајќи 9 IQ UP! училишни центри, како во Скопје така и во градовите од внатрешноста на Македонија и тоа два центри во Скопје: Аеродром и Карпош, и по еден центар во Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кичево, Охрид и Радовиш. Официјално овие IQ UP! училишни центри започнуваат со работа од 1 септември, кога ќе ги отворат вратите за сите ученици кои сакаат квалитетна едукација и се желни за знаење, научни авантури и неверојатни искустуства - информира партнерката на франшизата, Валентина Динова.



- IQ UP! училишните центри нудат едукативни програми за деца од 5 – 13 години. Сите заинтересирани родители и деца можат да се пријават на овој линк, пополнувајќи ја апликацијата за бесплатен пробен час. IQ UP! училишните центри од 1 септември ќе ги отворат вратите за сите заинтересирани ученици и деца да дојдат на бесплатен пробен час и да ја почуствуваат магијата на IQ UP! едукацијата, уникатноста на пристапите и техниките на едуцирање, како и позитивната атмосфера и инспиративни активности кои го прават учењето забавно и возбудливо искуство. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани родители, да се регистрираат за бесплатен пробен час избирајќи го IQ UP! училишниот центар во својот град или општина. Нашите тимови ќе ги контактираат од 1 септемрви за да им закажат термин за бесплатниот час - посочува Валентина.

УПИСИ IQ UP! 2022/23
Подготвил: Сања Јачевска

Издвојуваме

Образование