X
 06.09.2018 Култура

Ако ја сакате серијата „Пријатели“, попаметни сте од другите

Според истражувањето спроведено од „Дајректв“, луѓето што сакаат да ја гледаат серијата „Пријатели“ подобро поминуваат на испити и се поинтелигентни.

Истражувањето ја проучувало врската помеѓу ТВ-серијата и интелигенцијата, а било спроведено меѓу студенти на американските универзитети. Биле анализирани нивните резултати на стандардизираните тестови што во САД служат како некаков вид приемен испит - паралелно на тоа, истражувачите гледале и кои ТВ-програми ги следат студентите и во кои најмногу уживаат.

Излегло дека „Пријатели“ е најпопуларна помеѓу оние студенти што имале подобри резултати на тестовите. Покрај „Пријатели“, на листата со омилени серии на добрите студенти се уште некои комедии, поради што авторите на истражувањето заклучиле дека на испитите подобри резултати постигнуваат оние што сакаат да се насмеат гледајќи телевизија.

Освен „Пријатели“, како омилени серии на студентите кои се добри во испитите се наведуваат и „Симпсонови“, „Сајнфилд“, „Саут Парк“, но и „Куќа од карти“ и „Шерлок“.

Оние што постигнале послаби резултати како омилени серии ги наведувале „Игра на троновите“, „Декстер“...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура