X
 06.09.2018 Живот

Наставник ги открива најлошите родители од секоја генерација

Учебната година само што почна, така што учениците, родителите и наставниците се подготвуваат за неа. За да го одбележи почетокот на новиот период, еден наставник по биологија во основно и средно образование сподели искуства не со своите ученици, туку со родителите. Поточно, интеракциите ги подели на три дела - добри, лоши и грди.

Секоја генерација на родители има сопствен стил и ниту една генерација не е лесна. Ви го пренесуваме целиот пост.

- Предавам биологија во основно и во средно образование. Во текот на кариерата имав можност да им предавам на ученици од три генерации родители. Со оглед на тоа што е почетокот на годината, би сакал го споделам моето генерално искуство со секоја генерација.

генерација

Не мора да биде кажано, но ќе потенцирам, ова се просеци и генерализации. Сум запознал и добри и лоши родители од сите три генерации и не сите одговараат на просекот. Не би сакал да кажам ниту во која генерација спаѓам за да избегнам обвинувања за пристрасност.

Генерација: „Бејби-бум“


Повеќе немам многу ученици со родители бејби-бумери, така што поголемиот дел од искуството сум го имал во минатото.

Доброто: Инвестираат во своите деца и нивните иднини, се среќаваат со мене кога ќе побарам, слушаат што имам да кажам и обично ги користам моите предлози кај нивните деца.

Лошото: Многу бараат, некултурни се и нетрпеливи.

Грдото:
Тие знаат најдобро за прилично сѐ. Ништо не е пофрустрирачки од тоа некој целосно неискусен во професијата наставник да ви кажува како да си ја извршувате работата. Лесно се лутат и полудуваат.

Генерација „Екс“


Поголемиот дел од родителите на моите ученици доаѓаат од оваа генерација, така што имам големо искуство со нив.

Доброто: Имаат прилично добра смисла за хумор за работите и добро обезбедуваат (материјално) за нивните деца.

Лошото: Постојат два вида од генерацијата „екс“. Повеќето спаѓаат во првата група - не многу се интересираат за своите деца. Не велам дека не им е грижа за нив, туку едноставно не сакаат да инвестираат многу време или емоционална поддршка во нив, па наместо тоа, инвестираат во себе и во својот партнер. Моите колеги и јас често велиме дека се генерација што сакаат деца, но не сакаат да бидат родители. Исто така, тие одбиваат да ги дисциплинираат своите деца на кој било начин, што е доста очигледно во однесувањето на моите ученици.

Грдото: Вториот тип. Колку мразам вакви родители. Оние што веруваат дека нивното дете е ангел и дека не може да погреши. За секој проблем што го имаат е виновно училиштето. Без разлика на тоа што ќе ви кажат овие родители и без разлика на тоа што направило детето, тие секогаш ја префрлуваат вината врз некој друг. Белешка: Најголемиот дел од антивакцинаши/хомеопатски родители со кои сум морал да се справам се токму од оваа генерација.

Генерација „милениумци“


Најновата генерација на родители. Со нив се сретнав пред само неколку години.

Доброто: Културни, добри слушатели, го земаат предвид мојот совет, се грижат за своите деца.

Лошото: Плашливи, наивни и често прават драма од работите.

Грдото
: Повеќето од овие родители се добри во дисциплинирањето на своите деца, но некои од нив спаѓаат во втората група на генерацијата „екс“. Некои, пак, се изживуваат со своите деца. Нивното однесување е прилично застрашувачко и не е начин на кој родителите треба да се справат со проблемите на своите деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот