X
 06.09.2019 Живот

Кој е најпосетениот град во светот за 2018 година?

„Мастеркард“ го објави својот Индекс за градови како глобални дестинации, кој рангира 200 града од целиот свет со најмногу меѓународни посетители. Списокот се заснова на комерцијална анализа од јавно достапните податоци за трошење и број на посетители. Резултатите вклучуваат информации за најпосетуваните градови, како и навиките за трошење на потрошувачите.

Четврта година по ред Бангкок е на врвот на Индексот со најмногу меѓународни посетители во една ноќ - вкупно 22 милиони. На второ место се најде Париз, а на трето Лондон, со околу 19 милиони меѓународни посетители.

Сите градови меѓу првите 10 имале повеќе меѓународни посетители од минатата година, освен Лондон, кој имал пад од 4 отсто. Прогнозата за 2019 година предвидува и раст за следната година, при што се очекува Токио да доживее пораст затоа што е домаќин на претстојните летни олимписки игри во 2020 година.

Извештајот ги разгледал и податоците од изминатите 10 години и избрал неколку други интересни трендови. Прво, растот на меѓународните патувања е конзистентен, а трошењето расте во просек од 7,4 отсто годишно.

И покрај зголемената популарност на помалите градови, големите метрополи ја задржаа својата доминација на списокот, а првите 10 дестинации останаа конзистентни во текот на изминатата деценија.

1
Фото: Mastercard


Градовите во азиско-пацифичкиот регион имаа најголем пораст на меѓународни посетители од 2009 година со просечен раст од 9,4 отсто.

Ова се рангирањата од топ-10. глобални дестинации за 2018 година.

Бангкок: 22,78 милиони

Париз: 19,1 милиони

Лондон: 19,9 милиони

Дубаи: 15,93 милиони

Сингапур: 14,67 милиони

Куала Лумпур: 13,79 милиони

Њујорк: 13,6 милиони

Истанбул: 13,4 милиони

Токио: 12,93 милиони

Анталија, Турција: 12,41 милиони.

Патниците најмногу ноќи поминале во Анталија - 14, а веднаш зад неа се најде Њујорк со 7,9 ноќи, Лондон и Истанбул со 5,8 ноќи и Куала Лумпур со 5,7 ноќи.

Што се однесува до потрошени пари на ден, ова се топ-10 града:

Дубаи: 30,82 милијарди долари, 553 долари на ден

Мека, Саудиска Арабија: 20,09 милијарди долари, 135 долари на ден

Бангкок: 20,03 милијарди долари, 184 долари на ден

Сингапур: 16,56 милијарди, 272 долари на ден

Лондон: 16,47 милијарди, 148 долари на ден

Њујорк: 16,43 милијарди долари, 152 долари на ден

Париз: 14,06 милијарди долари, 296 долари на ден

Токио: 13,77 милијарди долари, 196 долари на ден Палма де Мајорка, Шпанија: 12,69 милијарди долари, 233 долари на ден Пукет, Тајланд: 12,01 милијарди долари, 247 долари на ден

Првите 10 града според бројот на посетители вклучуваат дестинации што привлекуваат мешавина од бизнис и приватни патувања и се главни меѓународни премини како за меѓународни летови така и за поврзување на патувањата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот