X
 06.09.2020 Култура

Интересни факти за вашите омилени филмови што не сте ги знаеле

Филмовите често нè фрлаат од едно во друго расположение - голем дел од нив засекогаш остануваат со нас, па ги гледаме повторно и повторно, а воопшто немаме идеја што се случувало во текот на снимањето за да ја добиеме приказната на која секогаш сакаме да се потсетиме.

Во продолжение се интересни факти што филмските екипи се обидувале да ги сокријат во текот на снимањето, а за нив се дознало откако филмот доживеал огромен успех.

„Бизнис клуб Далас“

Буџетот за шминкери на снимањето бил само 250 долари за сите денови. Без оглед на тоа, филмот освоил „Оскар“ во категоријата за најдобра шминка и фризура.



„Шиндлеровата листа“

За да се соберат костими за 20.000 статисти, режисерот на филмот одлучил да објави дека се откупува облека од 30-тите и 40-тите години. Полјаците, поради лошите економски услови во земјата, масовно продавале сè што имале.



„Темниот витез“

Додека ја подготвувал улогата за Џокерот, Хит Леџер одлучил да престојува некое време во хотел, меѓутоа, сам. Таму бил шест недели без никаков контакт со луѓе, па така го развил секој потег на Џокер, неговата хистерична насмевка и неговиот глас.



„Вондер Воман“


Гал Гадот во текот на снимањето на сцена за филмот била во петтиот месец од бременоста и ѝ се гледал стомакот. Поради тоа, екипата направила костим што во монтажа можел да биде среден во пределот на стомакот.



„Црниот лебед“


Натали Портман не само што една година се подготвувала за улогата, туку и од својот џеб ја платила подготовката. Во моментот кога ја добила улогата, немало спонзори и сама си ги плаќала часовите по балет.



„Борачки клуб“

Бред Пит и Едвард Нортон во филмот прават сапун, но интересно е дека тоа го правеле со претходно стекнато искуство - и двајцата навистина научиле да прават сапун.



„Неславни копилиња“

Кога бил прашан како успеал да се соживее во насилната улога, Ели Рот рекол: - Ако доволно долго носите долна облека од волна, ќе посакате да убиете некого“.



„Волкот од Вол стрит“


По снимањето на филмот Џона Хил завршил во болница со бронхитис бидејќи актерите на сетот наместо кокаин, шмркале здробени апчиња со Б-витамин.



„Игрите на гладните“


Џенифер Лоренс се обложила со Џош Хачерсон дека може да погоди со стрела над неговата глава. Наместо тоа, тој добил потрес на мозокот бидејќи ѝ поверувал и ѝ дозволил да се обиде.



„Пијанистот“

Адриен Броди се соживеал со улогата на потешкиот начин. Сакајќи да почувствува како е кога ќе изгубиш сè, тој ги продал станот и автомобилот и престанал да следи што пренесуваат медиумите.



„Мулен руж“


Додека вежбала за улогата, обидувајќи се да ја научи кореографијата, Никол Кидман паднала и повредила две ребра и коленото. Токму поради тоа, повеќето сцени со неа се снимени така што таа се гледа до половина, бидејќи била во инвалидска количка додека не закрепнала.



„Почеток“


Кристофер Нолан објаснува дека улогата на тимот на филмот е базирана според улогите што се користат во создавање еден филм - Коб е режисер, Артур е продуцент, Арианда продуцент-дизајнер, Ејмс е актер, Саито е студио, а Фишер е публиката.



„Евтини приказни“


Сцената во која Винсент ѝ дава доза адреналин на Миа во градите е снимена наназад. Џон Траволта всушност ја извлекува иглата што веќе е во неа, а тоа може да се види ако внимателно ги загледате нејзините гради, каде што на обележаното место веќе се гледа убодот.



„Само љубовниците преживуваат“

Сите членови на филмската екипа на вампири носеле перики од човечки влакна и влакна од коза, измешани со јајце за да изгледаат подиво.



„Меланхолија“

Ларс во Триер на фестивалот во Кан, откако бил прашан зошто во филмот ја користи музиката на Вагнер, вели дека затоа што го сака нацизмот и Хитлер. Потоа бил исфрлен од фестивалот.



„Големиот Гетсби“


Продукцијата купила 100.000 литри вода за да создаде синтетички дожд. Тој бил неопходен поради сцената во која Гетсби ја повикува Дејзи на чај. Излегува дека тоа било направено без потреба. Врнело дожд три дена по снимањето на сцената.



„Бележникот“


Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс толку не се согласувале во текот на снимањето, што режисерот ги натерал да одат во посебни соби каде што расправале за несогласувањата, подалеку од останатиот дел од екипата. На крај, овие двајца станале пар во реалниот живот.



„Аватар“

Џејмс Камерон бил убеден дека може да направи ваков филм во истата секунда кога го видел Голум од „Господарот на прстените: двете кули“.



„Казино Ројал“


Даниел Крег ги изгубил двата предни заби додека ја снимал сцената во Прага и неговиот забар морал да оди во Лондон за да му ги замени.



Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура