X
 06.09.2021 Живот

Реченици што ги користат пасивно-агресивните личности

Пасивната агресија може да биде многу напорна кога станува збор за односите со луѓето и сите ние барем еднаш во животот сме сретнале пасивно-агресивна личност, но не сме успеале да препознаеме дека се работи за таква.

Тоа се претежно луѓе со кои чувствуваме дека сме на „емоционална луда железница“, кои се пријателски расположени еден ден, додека другите денови се однесуваат чудно и не сакаат да разговараат со нас.

Пасивната агресија е дефинирана како намерен и маскиран начин на изразување на гневот.

Тоа вклучува цела низа однесувања применети за да го вознемират другото лице без да го препознае гневот на лицето што му се обраќа.

Овие седум вообичаени пасивно-агресивни реченици можат да послужат како систем за рано откривање, помагајќи ви да го препознаете скриеното непријателство.

1. Не сум лут


Негирањето на чувството на гнев е класично пасивно-агресивно однесување.

Наместо да биде искрена кога станува збор за чувствата, личноста ќе инсистира дека не е лута, дури и кога врие однатре.

2. Добро, во ред

Обвинувањето и повлекувањето од дискусијата се основните стратегии на пасивно-агресивната личност.

Бидејќи пасивната агресија е мотивирана од верувањето на една личност дека директното изразување гнев само ќе ѝ го влоши нејзиниот живот, користи фрази како: „Добро“ и „Како и да е“.

3. Не знаев дека тоа треба сега да го направам

Иако сите ние одвреме-навреме сакаме да ги одложиме непријатните задачи, луѓето со пасивно-агресивна личност се потпираат на одложувањето како начин да ги фрустрираат другите без да мора директно да ги отфрлат.

1
Фото: Freepik

4. Ти си перфекционист

Кога одложувањето не е опција, пасивно-агресивната личност ќе каже: „Ти си преголем перфекционист, така што ништо не е доволно добро за тебе“, за да се одбрани дека задачата не ја направила како што треба.

5. Мислев дека знаеш

Бранејќи се со незнаење, пасивно-агресивната личност ќе ве вовлече во проблем, уживајќи во вашите маки и неволји.

6. Одлично го направи тоа, со оглед на твоето ниво на образование

Овој вид „комплимент“ е начин за пасивно-агресивната личност да ве навреди. Ако некој некогаш ви кажал вакво нешто, големи се шансите да е пасивно-агресивна личност.

7. Тоа беше шега

Сарказмот е вообичаено средство што го користат пасивно-агресивните луѓе.

Ако покажете дека сте навредени, пасивно-агресивната личност ќе игра на картата на жртвата, прашувајќи: „Не може човек да се пошегува со тебе?“

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот