X
 06.09.2021 Образование

Започна вселувањето на студентите во студентските домови

Денеска започна сместувањето на студентите во студентските домови, соопштија од Државниот студентски дом „Скопје“.

Оттаму додаваат дека вселувањето се води според протоколите издадени од Министерството за образование и наука.

- Студентите одговорно пристапуваат кон мерките, со што се избегнуваат метежи и во координација со сите вработени успешно се одвива процесот на сместување - истакнаа од ДСД „Скопје“.



Инаку, МОН во саботата ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од втора и од повисоките години на студии.

Од МОН истакнаа дека аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование