X
 06.10.2020 Живот

Подарок билет за скопската ЗОО за сите Magenta 1 корисници: Aктивирајте го бесплатниот билет само преку апликацијата TelekomMK

Интерактивната апликација Skopje ZOO ви овозможува да влезете во дивиот свет на Зоолошката градина преку екранот на вашиот мобилен телефон. Една од главните функционалности на апликацијата се онлајн-билетите, кои можете да ги купите каде и да сте, за да ги избегнете редовите на чекање и да останете безбедни во време на препорачана социјална дистанца.

Сите корисници на Magenta 1 промотивно добиваат бесплатен билет за посета на скопската ЗОО, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку апликацијата TelekomMK. Имајте го билетот на вашиот смартфон, покажете го на билетарница и избегнете го редот.

Апликацијата Skopje ZOO ви нуди и интерактивна едукација со интересни податоци за животните. Повеќе од 500 животни од 83 вида се организирани според категории за да можете полесно да се снајдете и да го надополните вашето искуство како посетител.

Освен едукација и онлајн-билети, апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која ќе ви покаже патека како најлесно да стигнете до живеалиштето на вашето омилено животно.

Таа е достапна за сите посетители, во три јазични верзии, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Преземете ја бесплатно апликацијата Skopje ZOO од: „Гугл плеј“ и „Епл стор“.

Активирајте го електронскиот билет преку апликацијата TelekomMK, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.

telekom

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот